Ексклузивен деловен простор од 200 м² на Водно
Ексклузивен и комплетно опремен деловен простор од 200 м² на Водно, со панорамски поглед кон Скопје и три паркинг места. Просторот нуди функционални работни и приватни канцеларии, конференциска сала, lounge и chill зона, како и опремена кујна.
Опис
Сити Партнер Агенција изнајмува премиум деловен простор од 200 м² на Водно, со панорамски поглед кон цело Скопје. Просторот е луксузно и комплетно опремен, со модерен ентериер, висококвалитетен мебел и внимателно дизајниран распоред кој комбинира работен простор, приватност и комфор.
Располага со отворен работен простор со заеднички работни маси и опрема, 6 фиксни работни позиции, конференциска сала со капацитет за 8–10 лица, табла, екран и микрофон, како и две затворени канцеларии. Канцеларијата M е наменета за 3–4 лица и има сопствена маса, екран и chill зона, додека канцеларијата S располага со сопствено биро. Дополнително, има lounge зона со удобна гарнитура, chill зона со отворен поглед кон градот и комплетно опремена кујна со бар и кафе-зона.
Просторот е погоден за компанија, coworking концепт, креативно студио, консултантска или друга деловна дејност. На имотот му припаѓаат 3 паркинг места, плус дополнителни отворени паркинг позиции. Цена: 4.000 евра плус трошоци.
Површина
- Површина
- 200 m²
- Паркинг
- Паркинг место
Карактеристики
- Панорамски поглед кон Скопје
- 6 фиксни работни позиции
- Конференциска сала за 8–10 лица
- Две затворени канцеларии
- Lounge и chill зона
- Модерен ентериер
- Висококвалитетен мебел
- Бар и кафе-зона
- Дополнителни отворени паркинг позиции
Локација
Контактирај
Контактирајте Сити Партнер
Директен е-маил: citypartneragencija@gmail.com
