Лисиче
Реновирана куќа 6 соби, 182 м², Лисиче, Аеродром - Скопје
Комплетно реновирана семејна куќа со 6 соби и прекрасно уреден двор. Целосно наместена со модерна техника и две печки, идеална за две семејства или издавање. Мирна локација во Лисиче со 2 приватни паркинг места.
Опис
Прекрасна, комплетно реновирана семејна куќа на одлична и мирна локација во населба Лисиче, во непосредна близина на ресторанот Рагуза, основно училиште и градинка.
Куќата е целосно реновирана од темел пред 4 години, со нова фасада, нови инсталации и квалитетни материјали. Се продава комплетно наместена како на фотографиите, со понов мебел и бела техника и е подготвена за веднаш вселување.
Вкупна станбена површина: 182 м² и прекрасно уреден двор од 110 м².
Прво ниво: просторан дневен престој, кујна со трпезарија, 2 спални соби, купатило, остава и камин.
Второ ниво: голем дневен престој, кујна, 3 спални соби, купатило, балкони и камин.
Дополнително: подрум и две нивоа со посебен влез за секое ниво, идеално за две семејства или за живеење на едното ниво и издавање на другото.
Дополнителни предности: комплетно реновирана од темел, нова фасада, 2 камини, инвертер клима уреди во секоја соба, уреден двор од 110 м², 2 приватни паркинг места, чист имотен лист.
Површина
- Површина
- 182 m²
- соби
- 6
- спални
- 5
- бањи
- 2
- Година
- 2020
- Паркинг
- Приватен паркинг
Карактеристики
- Две нивоа со посебен влез
- Идеална за две семејства
- Инвертер клима уреди
- Прекрасно уреден двор 110 м²
Локација
Контактирај
Контактирајте Сити Партнер
Директен е-маил: citypartneragencija@gmail.com
