Payload Logo
Мени
0110

Луксузен стан 2 соби во Grand River, Центар

Под наемДостапно
750 €

Сподели со пријател

Луксузен стан од 56м² во престижниот комплекс Grand River со панорамски поглед кон река Вардар. На 18-ти кат со модерни удобности и 24/7 обезбедување. Комфорна локација во центарот на Скопје близу деловни и трговски центри.

Опис

City Partner Агенција издава луксузен стан во Grand River комплекс, дел од современиот градски центар кај Holiday Inn.

Доколку барате урбан стил на живеење, престижна локација и врвен комфор, овој стан е вистинскиот избор. Сместен во ексклузивниот комплекс Grand River, станот нуди уникатно искуство на живеење во една од најрепрезентативните станбени згради во Скопје.

Комплексот се одликува со модерна архитектура, луксузни заеднички простории, рецепција и обезбедување 24/7, професионално одржување и 6 брзи лифтови кои обезбедуваат максимален комфор и приватност за станарите.

Станот се наоѓа на 18-ти кат и располага со вкупна површина од 56м², од кои 47м² станбен простор и 9м² тераса. Големите стаклени површини овозможуваат изобилство на природна светлина и прекрасен панорамски поглед кон реката Вардар и градското јадро.

Распоред: • Пространа дневна соба со трпезарија и кујна • Комфорна спална соба • Модерна бања и утилити посебно • Тераса со отворен поглед

Дополнителни предности: • Подземно гаражно место • Централно греење • Рецепција и обезбедување 24/7 • 6 брзи лифтови • Ексклузивна локација во срцето на Скопје • Непосредна близина до деловни центри, ресторани, кафулиња, пешачки зони

Површина

Локација

Македонија
Отвори во Google Maps

Контактирај

Контактирајте Сити Партнер

Директен е-маил: citypartneragencija@gmail.com